Гачевски: Вардар е бренд и институција!

793

Во пресрет на неделниот меч во Штип меѓу Брегалница и Вардар, како некогашен голман на „сините“ за клупскиот сајт на штипскиот клуб, своја изјава даде е актуелниот голман на Вардар, Филип Гачески:

„Кога во Штип се игра фудбал, кога Брегалница игра тоа е празник. Како некогашен играч на Брегалница тоа добро го знам, и тој клуб во моето срце има посебно место. Сега сум голман на Вардар и секако дека во недела посакувам мојот сегашен тим да победи“ посочи Гачевски.

А за актуелните случувања во Вардар, тој искоментира:

“ФК Вардар е бренд и институција како во Македонија така и пошироко. Сигурен сум дека наскоро поблемите ќе се надминат и дека ќе се вратиме таму каде што ни е местото“ рече покрај другото голманот на Вардар.

ПретходноСилјановски: Мораме сите во Брегалница да бидеме самокритични!
СледноВака се сака својот клуб: Хајдук и официјално со 100.000 членoви!