Лина ја победи Ристиќ за пласман во четвртфиналето во Куршумлиска Бања!

56

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, денеска одигра уште еден квалитетен меч и успеа да се најде во четвртфиналето од тенискиот турнир во Куршумлиска Бања во Србија. Имено во осминафиналето, Лина успеа да слави над домашната тенисерка Миа Ристиќ со 2:1 во сетови. Иако го загуби првиот сет со 3:6 во гемови, сепак во продолжение од дуелот Лина одигра далеку подобро и ги доби следните два сета со 6:2 и 6:3. Ова беше доволно за победа и пласман во следната фаза.

ПретходноГрчевски го објави поширокиот список за дуелите со Азербејџан и Литванија
СледноСудии за ВМФЛ: Дејан Младеновски ќе ја дели правдата во Гевгелија!