Во меч од 3.коло во ракометната Лига на Шампиони, во групата –Б, Порто на нашиот Никола Митревски како домаќин е поразен од моќната Барселона сo 30:38 (15:19).
Нашиот репрезентативен голман не играше во текот на целиот меч, ама додека беше на терен имаше 7 одбрани, во првиот дел Македонецот на моменти беше одличен. Сепак Барса го искажа сиот свој квалитет и дојде до трета победа во исто толку мечеви. Додека за Митревски и Порто, по двете стартни победа, ова беше прв пораз во новата сезона во ЛШ.
Да кажеме дека на голот на Барса брилјираше Емил Нилсен со 20 одбрани.
ГОГ во истата група, на свој терен го совлада Веспрем со 36:30. Ова беше трета победа на ГОГ во исто толку мечеви, па така сега со Барса заедно има максимален учинок.
Во групата –А, каде што е и Пелистер, вечерва Загреб со 31:20 успеа да го победи тимот на Колстад, што секако дека е изненадување.