Анчелоти: Мисијата е исполнета, одиме понатаму

106

Екипата на Реал Мадрид синоќа во рутински одработен натпревар во рамките од вонредното Примера коло ја совлада екипата на Лас Палмас со 2:0.

Стрелци на головите за „Кралевите“ беа Диаз и Хоселу, а домашните промашија уште неколку изгледни ситуации за повиок триумф.

Тренерот Карло Анчелоти нормално задоволен што трите бода се на контото на Реал и дека мечот минал без повредени играчи.

„Имавме многу шанси во првото полувреме, но со слаба реализација. Видов добар интензитет во нашата игра. Во вториот дел, откако го постигнавме вториот гол, видов опуштање. Има играчи кои се уморни, па тоа е нормално. Мисијата е завршена, па сега треба да собереме енергија за сабота“, изјави Анчелоти па додаде.

„Треба да ја подобриме завршната фаза затоа што создаваме многу шанси, но со мала ефикасност. Треба да бидеме посмирени пред голот бидејќи може да биде одлучувачки на некои натпревари. Го почнавме мечот фокусирани и не направивме многу грешки во одбраната. Откако поведовме, работите станаа полесни. Важно е да покажеме стабилност во одбраната. Важно беше да не примиме рано гол и тоа го направивме без да ризикуваме. Се мина добро, освоивме три бода“ – , додаде Италијанецот.

 

ПретходноПешевски со порака до фановите: Ви ветувам дека во иднина ќе гледате ваков Пелистер!
СледноБарселона обвинета за мито и корупција