Барселона обвинета за мито и корупција

209

Каталонскиот гигант е обвинет за мито и корупција за случајот „Нгреира“ од страна на шефот на Истражниот суд, Хоакин Агире.

Полицијата веќе врши претрес во Шпанскиот фудбалски сојуз како дел од истрагата за исплатата на каталонскиот гигант на сметката на потпретседателот на судиската комисија, Хозе Марија Негреира, кој добил вистинско богатство.

Засега информациите велат дека тој добил 7,5 милиони евра на име на делегирање на судиите, намалување на казни и слично. Покрај Негреира под обвиние се неговиот син, како и поранешните претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хозе Марија Бартомеу.


Шпанските медиуми пишуваат дека нема најава за апсења.

ПретходноАнчелоти: Мисијата е исполнета, одиме понатаму
СледноГрчевски го објави поширокиот список за дуелите со Азербејџан и Литванија