Тимот на Манчестер Сити синоќа испадна во Лига купот на Англија откако загуби минимално на гостувањето кај Њукасл.
Ова значи дека на самиот старт од сезоната еден од главните фаворити во секоја конкуренција веќе испадна од борбата за еден трофеј. Сепак, иако на тоа јавноста гледа како на сериозен кикс на Сити, менаџерот Пеп Гвардиола воопшто не мисли така.
„Дали сметате дека наша реална цел и план беше да освоиме четири трофеји сезонава. Искено не. И со три би биле многу задоволни. Во Премиер лигата во Лигата на Шампионите и во ФА Купот. Не сакав да користам на овој меч некој од првотимците како Вокер или Халанд. Тие веќе одиграа доста минути сезонава, а истата ќе трае уште многу долго. Помислив да го внесам Ерлинг во последните десетина минути но потоа се откажав од таа идеја“ – изјави Пеп по мечот.