Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2024 годин кое ќе се оддржи во три држави: Австрија , Унгарија и Швајцарија.
Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.
На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.
Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10, а потоа следи натпревар на гостински терен против репрезентацијата на Литванија на 15.10.