Актуелниот шампион, екипата на Струга Трим Лум вчера во Охрид обезбеди победа во заостанатиот меч против тимот на Воска со минимални 1:0. Фаворитот малку потешко од очекувањата стигна до планираните бодови, а тоа тренерот Шпетим Дуро го опишува на свој начин.
„Нема лесен меч. Овој против Воска беше исклучително тежок. Сепак, мислам дека заслужено победивме. Заслужена и многу важна победа би рекол. Во последните 20 минути направивме притисок за гол, кој дојде по измените и активирањето на Ментор Мазрекај, кој даде поголема разновидност во нападот“ – изјави Шпетим Дуро тренерот на Струга Трим Лум по вчерашниот меч против Воска.