Италијанската федерација сака да го тужи Манчини

131

Престедателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина изјави дека Федерацијата размислува да покрене постапка против поранешниот селектор на репрезентацијата Роберто Манчини.
Манчини ненадејно поднесе оставка како селектор на Италија во август, потпишувајќи со Саудиска Арабија само неколку недели подоцна. Поранешниот селектор на Италија објасни дека заминувањето од „аѕурите“ нема никаква врска со понудата од Саудиска Арабија, сугерирајќи дека некои одлуки донесени од Гравина, особено во однос на неговиот персонал, доведоа до негова оставка.

Сега ФИГЦ сака да види дали е можно да се побара компензација за ненадејното заминување на Манчини.
„Го информирав Федералниот суд за тоа што се случи во август со тренерот. Од таму ќе го истражат случајот и ќе ни дадат мислење дали да покренеме судска постапка за компензација“, изјави Гравина.

ПретходноНеверојатно – Манчестер Јунајтед 12-ти пат домаќин во мечевите од Купот
СледноTалентираните Василевски и Зенговски потпишаа профи-договори со РК Бутел