Монпелје со неверојатен финиш успеа да ја победи Висла!

59

Иако имаше водство од 23:26, но за тимот на Висла Плоцк и тоа не беше доволно да се победи на гости кај Монпелје кој одигра спектакуларно кога беше најпотребно и на крајот успеа да победи со 30:28 (14:15) и со тоа да ги освои првите бодови во групата – Б во својот трет натпревар во Лигата на Шампионите.

Тоа значи дека домашниот состав успеал да постигне седум голови а гостинсиот во тие моменти, кога се решаваше победникот, само два. И кога е така тогаш јасно е дека Висла Плоцк мораше само да го признае поразот.

Кај победничкиот состав Хешам со 9 голови одигра одлична партија, додека кај поразениот тим Зарабец постигна 6 голови.

ПретходноВака се сака својот клуб: Хајдук и официјално со 100.000 членoви!
СледноКаков шок за “Специјалниот“: Џенова ја понижи неговата Рома!(ВИДЕО)