Неверојатно – Манчестер Јунајтед 12-ти пат домаќин во мечевите од Купот

295

Манчестер Јунајтед го урна рекордот на најмногу едноподруго домашни натпревари во домашните купови – ФА купот и Лига купот (Карабао купот). По одигрувањето на 1/16 финалните мечеви од Лига купот, „Црвените ѓаволи“ во следната фаза ќе се соочат со Њукасл на „Олд Трафорд“. Тоа ќе биде реприза од минатосезонското финале.
Јунајтед го собори претходниот рекорд на Шрусбери таун од 11 едноподруго домашни натпревари во Куповите. Медиумите во Англија пресметале дека шансите за ваков исход се 0,024 проценти.
Инаку оваа серија Јунајтед ја започна против Вест Хем во септември 2021 година, а од тогаш единствените мечеви на тимот во двата купа се на Вембли, каде што, по правило, се играат полуфиналните и финалните мечеви на ФА Купот како и финалето во Лига купот.
Во претходните 11 домашни натпревари Јунајтед има скор од 9 победи, 1 реми и 1 пораз.

ПретходноРашфорд ја искрши лимунизата од 700.000 евра, па се почести со „вселенски брод“
СледноИталијанската федерација сака да го тужи Манчини