Освои светска титула со Франција, а сега продава базени

863

Поранешниот француски репрезентативец и освојувач на светскиот трофеј, Стефан Гиварш ги замени фудбалските терени со базени за пливање. Французинот кој во кариерата играше за Њукасл, Ренџерс, Оксер, Рен и Генгамп, по завршувањето на кариерата во 2002 година не продолжи во фудбалската работа, ниту како аналитичар, работи со кои се занимаваат многу од фудбалерите по завршувањето на кариерите.
Гиварш заедно со другар од детството работат за компанија која продава базени за пливање.
Во овој бизнис сум 17 години. Шефот на компанијата ми е пријател. Компанијата почна со водоинсталации, а потоа се отвори оддел за базени и добив понуда да ги продавам. Бидејќи во тоа време бев невработен, му реков дека ќе му подадам рака – и 17 години подоцна сè уште работам со него.
Цел ден сум надвор на пат, работите одат многу добро и навечер се враќам дома. Водам избалансиран живот. Не треба постојано да барам да бидам пред камера или микрофон за да постојам“, изјави Гиварш.

Гиварш беше дел од францускиот национален тим кој го освои СП 1998 година.
Мојот мобилен број е на веб-страницата на компанијата, а фановите сè уште ми се јавуваат за да ја пее химната на Светското првенство во Франција, I Will Survive“.

ПретходноКаков шок за “Специјалниот“: Џенова ја понижи неговата Рома!(ВИДЕО)
СледноЧоло и Атлетико со три бода на тешкото гостување во Памплона! (ВИДЕО)