Партизан е чудо: Продадени се 16.000 сезонски билети и остварен е приход од 6 милиони евра!

413

Не е тајна дека КК Партизан, односно неговите фанови се вистинско спортско чудо. Имено кога играат “црно-белите“ во Евролигата во Арената во Белград, тоа е спектакл. Тие ги имаат најдобрите 10 посетени мечеви во историјата на ова натпреварување.

А денеска вест од Белград, поточно од раководството на Партизан, дека за претстојната сезона продадени се точно 16.124 сезонски билети, што е рекорд, и дека од продажбата на тие билети остварен е приход од 6 милиони евра.

Инаку познато е дека Арената во идеални услови собира 22.000 фанови, па така ќе биде вистинска јагма за тие 6.000 билети за секој меч за четата на Жељко Обрадовиќ посебно во Евролигата.

ПретходноTалентираните Василевски и Зенговски потпишаа профи-договори со РК Бутел
СледноМитревски и Порто поразени од Барселона!