Рашфорд ја искрши лимунизата од 700.000 евра, па се почести со „вселенски брод“

664

Маркус Рашфорд минатата недела имаше собраќајна несреќа, настрада неговиот Rolls Royce Wraith. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед возел пребрзо иако ограничувањето на патот било само 50 километри на час.

Англискиот репрезентативец на голема среќа мина со лесни повреди.

Една недела по овој инцидент тој одлучи да се почести со нешто подобро, па се купи Mercedes-Benz Vito Maybach. Стануба збор за комбе, нешто што не е вообичаено превозно средство за фудбалерите, но Рашфорд одлучи да си купи еден посебен модел.

Луксузното комбе на Рашфорд чини повеќе 200.000 евра, а цената го оправдува изгледот на новиот автомобил кој внатре изгледа како „вселенски брод“.

ПретходноНад 11.000 учесници од 53 земји ќе трчаат на најголемата македонска спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон
СледноНеверојатно – Манчестер Јунајтед 12-ти пат домаќин во мечевите од Купот