Саво Милошевиќ ќе биде селектор на Босна

107

Откако си замина од функцијата селектор на Босна и Херцеговина, легендата на тамошниот фудбал, Мехо Кодро ќе биде заменет со Саво Милошевиќ. Србинот утре по изгласаната одлука на извршниот одбор на Фудбалскито Сојуз на БИХ ќе биде именуван за нов селектор.

Милошевиќ и нема преголемо искуство како тренер, а како селектор и воопшто нема. Досега ги водеше единствено екипите на Партизан и Олимпија. Доаѓа во пакет заедно со Ненад Цветковиќ помошникот со кој што соработуваше и досега.

Прв предизвик за Милошевиќ ќе биде октомврискиот двомеч со репрезентациите на Лихтенштајн и Португалија.

 

ПретходноДуро: Мечот со Воска беше тежок, но заслужено победивме
СледноУбав гест: Кил попат договори соработка со ГРК Охрид