Селта само до бод против Алавес…

64

Во вечерашниот термин се одиграа два меча од 7.коло во Ла Лига. Селта на свој терен во Виго, одигра 1:1 против Алавес, иако очекувањата беа победа и само победа. А се тргна добро за Селта кога Марин во 35.минута си даде автогол за водство на домашниот тим. Во второто полувреме во 68.минута прво Дела Торе доби втор жолт картон односно црвен, а во 73.минута Саму израмни на 1:1.

На вториот меч меѓу Гранада и Бетис исто така резултатот беше 1:1. Диао во 51.минута донесе водство за гостите од Севиља, додека Бое во 67.минута погоди за конечни 1:1 и за бод за Гранада.

ПретходноФиорентина и Болоња носат по бод од гостувањата! (ВИДЕО)
СледноСилјановски: Мораме сите во Брегалница да бидеме самокритични!