Силјановски: Мораме сите во Брегалница да бидеме самокритични!

275

Иако составот на Брегалница во изминатите осум кола, предводен од стратегот Горан Здравков, одигра навистина квалитетно, сепак бодвниот скор кажува дека на тие осум меча освоени се само 9 бода, доволно само за осмото место на табелата.

Во недела во Штип доаѓа Вардар, ете шанса да се освојат нови три бода и да се искачат неколку места на табелата.

Искусниот Горан Силјановски за клупскиот сајт покрај другото истакна:

“Иако играме добро, создаваме шанси, загубивме доста бодови на последните меча и тоа поради индивидуални грешки и неко ситници кои на крај беа решавачки на тие натпревари.Јасно е дека сите ние во Брегалница мораме да бидеме самокритични, да работиме на себе ако сакаме да напредуваме и грешките да ги сведеме на минимум. Се надевам дека во недела, на мечот со Вардар, секој што ќе добие шанса да настапи, ќе го даде својот максимум. И дека ќе се вратиме на победите, како за нас така и за нашите фанови кои секогаш ни ја даваат својата поддршка“ рече Силјановски.

ПретходноСелта само до бод против Алавес…
СледноГачевски: Вардар е бренд и институција!