Убав гест: Кил попат договори соработка со ГРК Охрид

473

Кил синоќа беше гостин на македонскиот првак, Пелистер во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. Бундес-лигашот се измачи, но на крајот си замина со целиот плен од Битола, славеше со 20-23 и ја продолжи победничката серија.

Добро е познато дека Кил слета во Охрид за да пристигне до Битола. Кратката посета на македонскиот бисер, директорот на РК Кил Виктор Шилаги, тренерот на екипата Филип Јиха и виртузот во ракометниот свет и капитенот на екипата Домагој Дувњак имаа средба со градоначалникот Кирил Пецаков и управата на ГРК Охрид за понатамошна соработка помеѓу тимовите.

Ова е убав гест и на германскиот клуб и на првиот човек на градот Охрид.

ПретходноСаво Милошевиќ ќе биде селектор на Босна
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе биде “главен“ на Чаир, Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Вардар!