Фудбалерите на ПСЖ се соочуваат со високи казни по дербито

211

Во неделата ПСЖ го демолираше Марсеј со 4:0 на „Паркот на принцовите“, но веднаш по големата победа стигнаа вести дека францускиот првак може да се соочи со високи казни, па дури и суспензија. Скандалот што се случи стигна дури и до државниот врв.

Хакими, Коло Муани, Курзава и Дембеле ќе мора да дадат изјави пред дисциплинската комисија поради навредливите песни кои ги пееле по мечот.

На Твитер се појави видео на кое се гледа како петтиот играч на ПСЖ, Ворен Заир-Емери држи мегафон во раката, а претходно споменатата четворка ја пее контроверзната песна за која сега треба да се појави пред дисциплинскиот судија на Француската фудбалска федерација.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе биде “главен“ на Чаир, Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Вардар!
СледноПешевски со порака до фановите: Ви ветувам дека во иднина ќе гледате ваков Пелистер!