Тешко гостување и тешко извојувана победа на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Осасуна во Папмплона вечерва и тоа со 0:2. Освоени се три екстра значајни бода со кои “Јорганџиите“ полека но сигурно се искачуваат кон врвот на табелата во Ла Лига.
Гризман во 20.минута донесе водство за тимот на Чоло Симеоне, со тој резултат се замина на пауза.
Во продоллжение од средбата тимот на Осасуна бодрен од своите фанови тргна на се или ништо,постигна и гол за 1:1, но истиот беше поништен.
Гостите од Мадрид во 81.минута ја “завери“ победата со голот на Рикелме кој 14 минути претодно влезе во игра.
Да кажеме дека и двете екипи натпреварот го завршија со играч помалку откако Авила кај домашните а потоа и Мората кај гостите добија црвени картони.