Од синоќа Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на екипата на Олимпик Марсеј. По проблемите кои овој тим ги имаше на резултатски план управата се одлучи на тренерска смена, па италијанецот е ангажиран да ја спасува ситуацијата.
Гатузо последно беше дел од тимот на Валенсија, а ги водеше и Наполи, Милан, Пиза, Офи Крит и Палермо.
Олимпик во моментов е на осмата позиција и е без победа во последните три кола.