Лилард ќе игра заедно со Јанис во Милвоки

136

И дојде крајот на најголемата НБА дилема ова лето. Демиан Лилард по единаесет години минати во Портланд, се сели во Милвоки, каде што заедно со Јанис Антетокумпо ќе се обиде да ја донесе титулата кај Бакси.

Иако Лилард преферираше да се пресели во Мајами, сепак мега трејдот го одведе во Милвоки. За возврат, Бакси добија ги Џру Холидеј, Диандре Ејтон и Тумани Камару плус првиот пик на драфтот на Милвоки за 2029 година. Во трејдот е уште вклучен и тимот на Феникс кој ги добива Јусуф Нуркиќ, Нарис Литл, Кион Џонсон и Грејсон Ален.

Лилард инсистираше на трансфер затоа што во Портланд немаат шампионски амбиции, дури не се во плеј офот во псоледните две години. Од друга страна и Јанис изјави летово дека управата подобро да доведе некого кој е конкурентен за титулата инаку и тој ќе размислува за трејд.

Лилард е најдобар стрелец во историјата на портланд со преку 19.000 поени, а минатата сезона имаше во просек над 33 поени.

 

ПретходноСтоле четврти меч сезонава без примен гол, Рајо со бод од Кадиз
СледноГатузо и официјално е нов тренер на Олимпик Марсеј