Не е тајна дека КК Партизан, односно неговите фанови се вистинско спортско чудо. Имено кога играат “црно-белите“ во Евролигата во Арената во Белград, тоа е спектакл. Тие ги имаат најдобрите 10 посетени мечеви во историјата на ова натпреварување.
А денеска вест од Белград, поточно од раководството на Партизан, дека за претстојната сезона продадени се точно 16.124 сезонски билети, што е рекорд, и дека од продажбата на тие билети остварен е приход од 6 милиони евра.
Инаку познато е дека Арената во идеални услови собира 22.000 фанови, па така ќе биде вистинска јагма за тие 6.000 билети за секој меч за четата на Жељко Обрадовиќ посебно во Евролигата.