Познати се судиите за натпреварите од 9.коло кои се играат претстојниот викенд. Александар Грујоски од Кичево е делегиран за супер дербито на Чаир, каде се среќаваат Шкупи и Струга ТЛ, третиот и вторриот тим на табелата.
Во Штип, каде играат Брегалница и Вардар, судиската правда ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци. Во продолжение можете да ги видите сите судии за мечевите од 9.коло.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 9.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Брегалница – Вардар: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Работнички – Тиквеш: Александар Ставрев (Скопје)
Шкупи – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)
Силекс – Воска: Благојче Ралевски (Битола)
Гостивар – Шкендија: Јован Качевски (Струга)
САБОТА, 14 Ч:
Македонија ЃП – Брера: Игор Стојчевски (Скопје)