Во неделата ПСЖ го демолираше Марсеј со 4:0 на „Паркот на принцовите“, но веднаш по големата победа стигнаа вести дека францускиот првак може да се соочи со високи казни, па дури и суспензија. Скандалот што се случи стигна дури и до државниот врв.
Хакими, Коло Муани, Курзава и Дембеле ќе мора да дадат изјави пред дисциплинската комисија поради навредливите песни кои ги пееле по мечот.
На Твитер се појави видео на кое се гледа како петтиот играч на ПСЖ, Ворен Заир-Емери држи мегафон во раката, а претходно споменатата четворка ја пее контроверзната песна за која сега треба да се појави пред дисциплинскиот судија на Француската фудбалска федерација.
CETTE IMAGE 😍
Quelle communion entre les joueurs du #PSG, les supporters et … les jeunes ramasseurs de balles. C’est beau !#PSGOM pic.twitter.com/gdHKSYQ4nJ
— Free Ligue 1 (@FreeLigue1) September 24, 2023