Владата прифати, ФФМ ВО АКЦИЈА! Скопската нива во ноември ќе биде прекрасен терен!

2225

На Владина седница пред три дена решени се мистериите со кои и официјално ПУИГ, претпријатието кое стопанисува со Арената „Тодор Проески“ ќе може да ја прифати донацијата од околу 400.000 евра за реконтрукција на теренот. ФФМ сама го гаси пожарот кој е направен од надлежните институциии кои го доведоа нашиот најголем спортски објект во земјава на работ од бездната. Иако релативно нов, стадионот не ги задоволува нормите на УЕФА за одигрување на натпревари од највисоко ниво.

Теренот во јуни беше реновиран за во јули истиот да наликува на хорор сцена и страв за фудбалерите да играат на таква подлога полна со песок и изгорена трева. Кулминација беше дуелот со Италија во септември кога беа прелиени сите чаши и трпенија на УЕФА од каде се заканија со санкции.

ФФМ за да се спаси од казни и бруки за да бара терен надвор од земјава за дуелот со Англија во ноември се реши да обезбеди средства за хибриден терен кој скопската нива ќе ја замени со прекрасен терен, кој треба да биде еден од најубавите во регионот. Сличен на новиот тревник на белградска Маракана. Тоа значи дека 70% од тревата ќе биде вештачка, а 30% природна со посебна дренажа.

Со работа на теренот ќе се почне од понеделник, а за дуелот со Англија арената треба да има нова и современа тревната подлгога која треба да трае со години и да биде спас не само за репрезентацвијата, туку и за клубовите.

Но дали проблем е само тревата за стадионот!?

ПретходноБонучи потврди дека ова му е последна сезона, во јуни оди во пензија
СледноРустемовски освои бронза на БП во Бугарија