Откако вчера стана јасно дека Демиен Лилард му се приклучува на Јанис Андетокумбо во Милвоки, инсајдерот Крис Хејнс, во својот последен текст за „Бличер Репорт“, објави која била првата порака која Лилард ја добил од својот нов клуб.
„Кога беше објавен договорот, една од првите СМС пораки што ги доби Лилард беше од Јанис. Тој му напиша: „Ајде веќе да го освоиме овој проклет шампионат“.
Претходно, Демиен Лилард се пресели во Милвоки како дел од договорот во кој беа вклучени три тима.