Утре во Струмица по четвртипат ќе се одржи Меморијалниот одбојкарски турнир во женска конкуренција „Илија Караманов“.
Струмица не го заборава поранешен одбојкар, тренер и професор, кој многу даде за развојот на одбојката во градот.
Во спортски дух, со квалитетна одбојка и со добра посетеност, организаторите сакаат даму дадат посебна почит на Караманов и оваа година.
Турнирот ќе се одржи во сабота со одигрување на три натпревари меѓу екипите учеснички: Наковски Волеј, Младост УДГ и Работнички.