Бразилскиот фудбалски клуб Васко де Гама доби суспензија од страна на ФИФА поради неисплатени суми кон други клубови по трансфери на фудбалери. Клубот не им платил на Лил, Национал и Атлетико Тукуман за трансферите на Лео Жардим, Пума Родригез и Мануел Капасо. Клубовите покренале постапка, па ФИФА реагираше.
Така Васко доби забрана за регистрација на нови играчи, но и да реализира нови трансфери додека не ги подмири долговите и финансиски да се стабилизира.
Васко се уште им должи на некои фудбалери кои повеќе не се дел од клубот.
Во соопштението на ФИФА се вели: „Клубот Васко де Гама во моментов е спречен да регистрира нови играчи поради неподмирен долг. Релевантната забрана ќе биде укината веднаш штом засегнатиот доверител ќе го потврди подмирувањето на долгот“.