Борусија му ја прекина на Хофенхајм серијата на победи

70

Екипата на Борусија Дортмунд славеше победа на гостувањето кај Хофенхајм со 1:3 во меч од 6.коло на Бундес лигата. Борусија поведе во 18 минута со голот на Никлас Филкруг, меѓутоа домашните изедначија со гол на Крамариќ од пенал.
Пред крајот на првото полувреме Марко Ројс повторно го доведе Дортмунд во водство, а во 95 минута Рајерсон го постави конечниот резултат. Во финишот на мечот гостите играа со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Бенсебаини.
За Борусија ова е шести меч без пораз во Бундес, а и шеста победа на последните седум меча против Хофенхајм (едно реми).
Борусија моментално е лидер со 14 бода, а вториот и третиот Баерн и Леверкузен имаат по 13 и меч помалку. Хофенхајм е шести со 12 бода.

ПретходноПапу Гомез: Му ветив на Галијани дека ќе потпишам за Монца и еве ме!
СледноСерхио Рамос ѝ донесе победа на Барселона против Севиља (видео)