Вардар да не се меша во политичките игри и препукувања, парите од Град Скопје да ни бидат дадени

1332

Во рамките на прес конференцијата која што во моментов ја одржува ФК Вардар, В.Д. управата по ред ги објаснува проблемите со кои се соочува клубот. Тема секако е доделената финансиска помош од Град Скопје и тие 15 милиони денари, одлука која што на два пати е донесена но сеуште не е спроведена.

„Град Скопје ја донесе одлуката за доделување на финансиска помош. Ние бараме истата да се спроведе. Не бараме ништо повеќе од она што му е веќе доделено на ФК Вардар. Таа помош на Вардар му е потребна во моментов. Ние од тие 500.000 евра немаме добиено ни денар. Зошто и како отворено прашуваме. Ние немаме други средства за да го спасуваме Вардар во моментов. Тие ние се потребни. Ова јавно го кажувам сега. Политички игри околу Вардар не сакаме. Тргнете ги политичките мешетарења околу клубот. Вардар е на народот на Скопје на Македонија“ – рече Миленкоски па додаде.

„Скопските општини ни излегоа во пресрет. ВО прв ред тука мислам на Општина Аеродром, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров. Се се тоа институции кои ни се најдоа кога беше најтешко. Браво за нив. Општина Центар е во тој ред исто така. Јавно ја прозивам општина Карпош. Каде е и зошто не ни помага? Останатите околни скопски општини, исто така ни помагаат колку можат. Вардар е на сите, сите навиваат за Вардар, време е тоа да го покажат на дело“ – додава Миленкоски.

ПретходноМиленкоски: Постои потенцијален инвеститор во Вардар, но државата мора да реагира на нашите барања
СледноВасоски: Да, се бориме за опстанок, но судиски неправди нема да трпиме