На крајот на прес конференцијата на ФК Вардар на јавноста и се обрати и шефот на стручниот штаб, Александар Васоски. Тој смета дека ситуацијата е таква каква што е и дека ситуацијата мора да се поправа во од, барем што се однесува до екипата и до резултатите.
„Против Гостивар претрпевме незгоден пораз. Имавме проблеми со повреди Мицевски и Брдаровски се нашите најдобри играчи кои не можеа да стартуваат. Интернационалецот од Андора, Алаверда за жал има сериозни проблеми и најверојатно ќе ја заврши кариерата. Мора да се напомене катастрофалното судење на Стојанче Стојанов, кој не знам зошто но имаше многу тенденција во одлуките. Го помнам уште од пред неколку сезони и оној дуел против Шкендија. Од сега натаму сите неправди од арбитрите ќе бидат јавно коментирани. Ни следува дуелот во Штип, се знае што значи тоа. Празник на фудбалот е секој меч против Брегалница во Штип. И противникот е во лоша серија резултатска, па тоа значи дека ќе биде вистинска битка за бодови. Се надевам дека од понеделник се надевам дека ќе стартуваме со тренинзи во Хиподром, и полека работите да се средуваат и на тој начин. Ние веќе ги „наместивме главите“ дека следува битка за опстанок и тоа е реалноста, барем до декември – изјави шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.