Новиот кошаркарски шампионат го има премиерното коло од новата сезона во чиј што пресрет првакот МЗТ Скопје Аеродром влегува како неприкосновен фаворит за одбрана на двете круни во домашниот шампионат.
Тимот од Аеродром има видливи измени во ростерот во однос на минатата сезона каде главниот двоец Дамјан и Војдан Стојановски се добитната карта за успешна домашна сезона на „штрковите“.
Андреј Магдевски е кошаркарот кој деновиве се очекува да се врати во таборот на сините, откако репрезентативниот плеј лани имаше куса авантура во екипата на Гронинген од Холандија. Тој летово тренираше со ТФТ, но ете го неговото име повторно во плановите на МЗТ.
Сега се баран начин како да се ослободи место за Магдевски, а се чини дека некој од странците во МЗТ не ги исполнува очекувањата. Тимот од Аеродром не смее да ја повтори ланската сезона и големото фиjаско со скапите странци како Мициовиќ, Бурсаќ, Абу…Странци кое беа „невидливи“ а кои ја испразнија касата на клубот со најголем буџет од сите екипи во земјава.
МЗТ Скопје Аеродром утре ја почнува одбраната на титулата со гостувањето кај Кожуф во Гевгелија а градскиот ривал Работнички треба да му биде главен претендент за титулата. Првакот оваа сезона ќе се натпреварува и во „смешната“ АБА 2 лига каде ќе брка место за враќање во елитата на регионалното натпреварување.