Конечно има договор. Тоа што светот го чекаше долго време, е договорено. Мега – спектакл во С. Арабија на 23 декември или во јануари следната година и тоа боксерски меч меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик.
Како што јави „ЕСПН“ Британецот и Украинецот ќе се борат за титулата апсолутен светски првак во тешка категорија.
Се е договорено, се е потпишано. Интересно кој ќе загуби на овој меч тоа ќе му биде прв пораз во кариерата.
Светот на боксот се “тресе“, едвај се чека на овој меч на деценијата.