Во недела од 14 часот на стадионот “Борис Трајковски“, Работнички во меч од 9.коло во ПМФЛ, го пречекува хитот во досегашниот дел од сезоната, тимотна Тиквеш.
Со оглед на тоа дека тимот од Градски парк не игра оваа есен според посакувањата, целта е три бода против кавадарачани барем колку толку да се поправи бодовниот биланс.
Дин Аломеровиќ за овој меч од аголот на Работнички истакнува:
“Го респектираме Тиквеш, тие покажаа досега дека се одличен тим. Од друга страна ние веруваме во нашите квалитетии размислување само запобеда. Нема да биде лесно, но ако ги исполниме сите тактички замисли на стручиот штаб веруваме дека моѓеме да победиме.Не криеме,ги посакуваме тие три бода“.