Лилард првата СМС порака ја добил од Јанис: „Ајде веќе да го освоиме овој проклет шампионат“

346

Откако вчера стана јасно дека Демиен Лилард му се приклучува на Јанис Андетокумбо во Милвоки, инсајдерот Крис Хејнс, во својот последен текст за „Бличер Репорт“, објави која била првата порака која Лилард ја добил од својот нов клуб.

„Кога беше објавен договорот, една од првите СМС пораки што ги доби Лилард беше од Јанис. Тој му напиша: „Ајде веќе да го освоиме овој проклет шампионат“.

Претходно, Демиен Лилард се пресели во Милвоки како дел од договорот во кој беа вклучени три тима.

ПретходноТројца рековалесценти се враќаат во составот на Тен Хаг за мечот со Палас
СледноУкраинката Становова ново засилување за штипски Младост УГД