Матс Виландер: Новак е најдобриот, ама Федерер е најголемиот во историјата!

895

И Матс Виландер, некогаш еден од најдобрите тенисери во негово време а сега ТВ коментатор, имаше што да каже на темата дали Новак Ѓоковиќ е најголемиот и најдобриот тенисер во историјата.

Популарниот Швеѓанец даде интересен одговор на прашањето на оваа тема:

“Тоа се две различни работи. Според постигнувањата и освоените трофеи секако дека Србинот е најдобриот на сите времиња. Но според мене најголемиот на сите времиња е Роџер Федерер. Тоа е мое мислење, токму тој го однесе тенисот на некое друго ниво, токму тој го донесе тенисот на секој ТВ екран. Ќе биде интересно да се види што ќе прави во иднина Роџер, би сакал да биде ТВ коментатор, да го видиме неговото размислувањена повеќе теми врзани за тенисот“ посочи Виландер.

ПретходноРамос го води деветгодишниот Јамал за рака на терен, a вечерва двајцата еден против друг
СледноФИФА му забрани на Васко де Гама да прави трансфери