Миленкоски: Постои потенцијален инвеститор во Вардар, но државата мора да реагира на нашите барања

2015

Во моментов се одржува официјалната прес конференција на раководните структури на ФК Вардар, на која јавноста беше информирана околу моменталната состојба и новитетите околу него.

Во прв ред раководните структури информираа дека е пронајден потенцијален инвеститор во Вардар, кој би влегов како нов сопственик во ФК Вардр со потенцијална финансиска инјекција од 18 милиони евра.

Претставникот на клубот, Милорад Миленковски ја објави оваа информација, и веднаша ја префли топката кон институциите кои во моментов според ФК Вардар е реагираат соодветно на барањата на најтрофејниот клуб во Македонија.

„Како се однесува оваа држава кон клуб во кој странски инвеститор сака да вложи 18 милиони евра? Се работи за инвестиција, која што е сеуште во преговори, а истата вели дека првично ќе биде покриен долгот од три милиони евра. Институциите мора да ни одговорат колку е првично долгот. Значи долгот првично не е познат. Кога во друга свера бил најавен странски инвеститор државата била подготвена да помогне, односно да му даде поволности на истиот. УЈП, Владата на Република Македонија до ден денес не не удостоиле со одговор. Ние повторно велиме дека и во „пет до дванаесет“ колку што е чукнат часот з ФК Вардар не е доцна да се помогне.  Деновиве имавме разговори со претпријатието за стамбен и деловен простор и се дадоа конкретни предлози. ДОлгот кон претпријатието на Вардар е околу 200.000 евра и истиот е договорено да се плаќа на рати“ вели Милековски па додаде.

„Што се однесува до финансиската ситуација, го „затворивме“ месец август што се однесува до плати за сите оние кои се дел од клубот. Ние работиме волонтерски, тоа мора да се напомене и да се вреднува. Па така, бараме од оние кои имаат легитимно и обврзувачко право да помогнат, институционално говорам да се одважат и да помогнат. Ние во моментов правиме се. Од подготовките во Златибор, преку карантините на сите гостувања, до се што е потребно. Опрема, обезбедување на мечеви, суплементи, се што е потребно. Комити сето тоа го обезбедија“ – вели Миленковски.

 

 

ПретходноУтре во Струмица по 4. пат Меморијал „Илија Караманов“
СледноВардар да не се меша во политичките игри и препукувања, парите од Град Скопје да ни бидат дадени