Само што реши да оди во пензија, Монца го натера повторно да ги облече копачките

357

Алехандро Папу Гомез иако беше решен да се пензионира, повторно ќе ги облече копачките. 35-годишниот Аргентинец кој стана светски шампион на последниот Мундијал во Катар, остана без клуб откако на 1 септември го раскина договорот со Севиља. Неодамна откри дека размислува за крај на кариерата, но пред да донесе конечна одлука, добил повик од италијанскиот прволигаш Монца.

Според последните вести, Монца се согласила да го доведе аргентинскиот напаѓач откако се повреди Џанлука Капрари. Веќе е договорен термин за лекарски преглед, по што Папу Гомез ќе биде претставен пред јавноста. По шест кола Монца има шест бода и се наоѓа на 15. место во Серија А.

ПретходноСо доаѓањето на Лилард, сега Милвоки е прв фаворит за титулата во НБА лигата
СледноУтре во Струмица по 4. пат Меморијал „Илија Караманов“