Утре во Струмица по 4. пат Меморијал „Илија Караманов“

39

Утре во Струмица по четвртипат ќе се одржи Меморијалниот одбојкарски турнир во женска конкуренција „Илија Караманов“.

Струмица не го заборава поранешен одбојкар, тренер и професор, кој многу даде за развојот на одбојката во градот.

Во спортски дух, со квалитетна одбојка и со добра посетеност, организаторите сакаат даму дадат посебна почит на Караманов и оваа година.

Турнирот ќе се одржи во сабота со одигрување на три натпревари меѓу екипите учеснички: Наковски Волеј, Младост УДГ и Работнички.

ПретходноСамо што реши да оди во пензија, Монца го натера повторно да ги облече копачките
СледноМиленкоски: Постои потенцијален инвеститор во Вардар, но државата мора да реагира на нашите барања