Што се случува во Реал: Жестока караница меѓу Дон Карло и Винициус!

907

Бразилецот Винициус Жуниор по четори меча пауза се врати во првиот тим на Реал Мадрид на мечот со Лас Палмас, меч кој “кралевите“ го добија со 2:0. Но сепак не беше се така идеално во редовите на тимот на Карло Анчелоти. Камерите за време на мечот забележаа дека нешто чудно се случува покрај аут линијата, имено во неколку наврати Дон Карло и Бразилецот жестоко се расправаат.

Мораш да играаш поотворено“ му се дерел Карло на Вини, а овој му одговорил-„Па, што сакаш од мене!“.

Оваа расправија се повторувала во неколку наврати, а дека било толку жолчно меѓу нив, говори фактот дека по завршувањена средбата двајцата не се поздравиле, туку само се погледнале онака непријателски.

ПретходноГотово е: Договорен е мега – спектакл…Фјури против Усик!
СледноИстрага против Ето за местење на натпревари во Камерун