Јувентус најде замена за Погба, но ќе мора да плати 30 милиони евра

324

По се изгледа, Јувентус избра замена за Пол Погба, кој беше позитивен на допинг тест и е суспендиран. Многу е веројатно дека Французинот ќе добие тешка казна доколку и неговиот втор тест биде позитивен. Токму поради тоа Јувентус веќе почна да работи на доведување негова замена, а според „Кориере дело Спорт“, првиот на листата на посакувани е играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.

Новиот спортски директор на „Старата дама“ Кристијано Џунтоли во наредните денови ќе има средба со агентот на играчот. Ќе се разговара за можноста за евентуален трансфер на Данецот во Јуве во јануари.

Лондончани му ставија цена на Хојберг од 30 милиони евра.

ПретходноУкраинката Становова ново засилување за штипски Младост УГД
СледноБонучи потврди дека ова му е последна сезона, во јуни оди во пензија