Јунајтед го реактивира Антони во составот, но остана без Мартинез!

99

Брзилскиот нтернационалец Антони повторно е дел од активниот состав на тимот на Манчестер Јунајтед. Иако тој е сеуште под официјална истрага за потенцијално насилство врз поранешната девојка, од клубот одлучија тој да биде вратен во составот и да конкурира за следните мечеви.

Секако, на напаѓачот ќе му биде потребно време да се врати во ритам со оглед на периодот минат вон тимот, но Јунајтед е во толку лоша ситуација со повредени и суспендирани, да мора да посегне и по него.

Од друга страна лоша вест за Ерик Тен Хаг е што тој поради повреда подолго време нема да може да смета на Лисандро Мартинез, квалитетниот дефанзивец од Аргентина. Имено неговата повреда на стопалото се влошила и ќе мора да паузира.

 

ПретходноВо МЗТ бараат начин како да го вратат Магдевски!
СледноГолманот на Пелистер со една најдобрите ТОП-5 одбрани на колото во ЛШ! (ВИДЕО)