Њукасл до крајот на годината без клучниот играч

295

Крилниот напаѓач на Њукасл, Харви Барнс ќе отсуствува до крајот на годината. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата на натпреварот на „Страчките“ против Шефилд Јунајтед минатата недела и беше заменет во 12. минута.

„Мислиме дека ќе биде надвор од терените околу три месеци. Нема да му треба операција, што е добра вест, но стапалото му е во заштитна чизма. Повредата е под палецот и сега е на санација. Тој е многу разочаран бидејќи сакаше да им покаже на сите овде што може, но е многу стабилен.Неодамна стана татко. Секогаш кога ќе се случат вакви работи, велам дека треба да ги погледнете позитивните страни, а тоа се дека тој ќе може да поминува повеќе време со своето семејство“,објасни менаџерот на Њукасл, Еди Хау.

ПретходноПаника во Динамо пред дербито: Стефан Ристовски е повреден, сега нема кој да го чува Марко Ливаја!
СледноДин Аломеровиќ: Го респектираме Тиквеш, но Работнички посакува три бода!