Гостивар преговара со Умит Озат, Срѓан Захариевски, Ќатип Османи како и со тренери од Хрватска и Германија!

903

 

По заминувањето на Мурат Дабан,клупата на Гостивар остана празна. Како В.Д.тренер тимот на мечот со Вардар го водеше Муарем Муарем со помош на играчот Алпер Потук. Најверојатно така ќе биде и на мечот со Шкендија во недела.

Како што дознаваме, раководството на Гостивар во меѓувреме преговара со неколку познати тренерски имиња.

Како најголем кандидат за тренер на гостиварци бил Умит Озат (46), некогашниот репрезентативец на Турција, моментало фудбалски аналитичар, големо име во турскиот фудбал, а бил тренер покрај другите и на Челик, Адана Демирспор, Самсунспор и други.

Инаку познат е по изјавата за тамошните медиуми дека ако Икарди во една сезона постигне 20 голови тој ќе се фарбал во жолто.

Исто така дознаваме дека се воделе разговори или преговори и со неколку наши тренерски имиња, како Срѓан Захариевски и Ќатип Османи. Од друга страна желба било да се донесе стратег од Хрватска или Германија.

Останува да се види за која варијата ќе се реши Гостивар, кој важи за клуб кој со финансиите нема никаков проблем. Клуб кој во летниот преоден рок донесе 20 нови имиња и затоа го нарековме “македонски Челзи“.

ПретходноАл-Келаифи со шокантна изјава: Мбапе? И следната сезона ќе игра за ПСЖ!!!
СледноРоналдо со гол од пенал му донесе победа на Ал Наср! (ВИДЕО)