Поранешниот светски фудбалски ас, Самуел Ето е под истрага од полицијата во Камерун поради обвинувањата за местење на натпревари во локалната лига. Ето, кој работи како претседател на ФА на Камерун наводно наместил најмалку два натпревари во втората лига со цел на тимот на Викторија Јунајтед да му обезбеди промоција во првата лига.
Истрагата оди и пошироко за можна корупција и мито. Според „Камфут“, Ето и ветил на Викторија промоција во најсилната камерунска лига во снимен разговор со клупскиот претседател, Валентин Нкваин.
Викторија избори промоција во април, Ето ги отфрли сите обвинувања. Тој посочи дека бил погрешно протолкуван неговиот разговор со првиот човек на клубот да личи дека договораат местенка.
Од друга страна група на фудбалски работници меѓу кои Пјер Семенгу, претседателот на професионалната фудбалска лига на Камерун и Анри Нџала Куан, поранешниот потпретседател на ФЕКАФУТ му напишале писмо до првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и до претседателот на КАФ, Патрис Мотсепе барајќи да го суспендираат Ето од функцијата и да биде отворен пат за нови претседателски избори во Фудбалската асоцијација на Камерун.