Лајпциг го отпушти директорот поради преговори со Баерн

144

Во сабота Лајпциг и Баерн Минхен ќе играат меѓу себе во рамките на Бундес лигата, а пред дербито „биковите“ му врачија отказ на директорот Макс Еберл. Клубот се реши за ваков потег откако дознал дека Еберл во изминатиот период преговарал со Баерн Минхен за преселба на „Алијанц арена“. Па така „биковите“ ја сметаат оваа постапка за предавство и одлучуја да му врачат отказ на Еберл.
„Овој отказ на Еберл нема никаква врска со спортските резултат. Моравме да донесеме ваква одлука поради недостиг на посветеност кон клубот“, соопштија од Лајпциг.

Баерн во Еберл гледаат наследник на Хасан Салихамиџиќ.

ПретходноФИФА му забрани на Васко де Гама да прави трансфери
СледноПапу Гомез: Му ветив на Галијани дека ќе потпишам за Монца и еве ме!