Она што се најавуваше веќе неколку денови, од денеска е и официјално. Легендата на Партизан и српскиот фудбал Саво Милошевиќ е нов селектор на БиХ. Малку необично за оние сакаат да се занимаваат со историја на овие простори, но зошто да не, ако се знае дека Саво е роден во Бијелина (БиХ).
Денеска тој беше официјално промовиран и го соопшти списоокот на играчи на кои ќе смета за октомврскиот циклус натпревари на селекцијата на БиХ.
Инаку познато е дека јавноста во БиХ посакуваше на селекторската фотеља да дојде Вахид Халилхоџиќ, но како што информираат од раководството на Фудбалскиот сојуз на БиХ, тој таа понуда на одбил.