Голот на Жарко Пешевски кој капитенот на Пелистер го постигна во дуелот од Лигата на Шампионите против тимот на Кил на домашен терен, е избран во најдобрите пет на колото.
Македонскиот репрезентативец со лоб удар прекрасно погоди, по што медиа тимот на ЕХФ немаше друга опција освен да со сврсти во најдобрите за оваа рунда.
Пелистер инаку загуби на домашен терен од фаворитот но далеку од тоа дека се посрамоти, туку напротив одигра фајтерски и се бореше до крај за поволен резултат.