Рамос го води деветгодишниот Јамал за рака на терен, a вечерва двајцата еден против друг

333

Интересно видео кружи на социјалните мрежи во кое се искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос и младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал. На меч во 2016 година Серхио Рамос како фудбалер на Реал Мадрид излегува на дуел со Барселона, а за рака го води деветгодишниот Јамал.
Вечерва на „Ноу Камп“ нова нивна средба но сега како ривали на теренот. Јамал е стартер во редовите на Барселона, а Рамос е во одбраната на Севиља.
Мечот почнува од 21:00 часот.

ПретходноИстрага против Ето за местење на натпревари во Камерун
СледноМатс Виландер: Новак е најдобриот, ама Федерер е најголемиот во историјата!